Со традицонална македонска музика и богата културно – уметничка програма, вчера во Аеродром граѓаните ги испратија учесниците на годинешната Илинденската коњаница. Оваа година, во организација на здружението „Илинденски коњички марш 1978” од Горно Лисиче и 45. пат по ред, околу 30 јавачи се упатија кон славното Крушево и Мечкин Камен, каде на 2 август ќе се одбележат 120-годишнината од Илинденското востание.

Маршот на коњаницата започна од паркот Јане Сандански каде на учесниците им беше предадено знамето на Општина Аеродром, а централната манифестација за испраќањето и литургијата се одржаа во храмот „Св. Петар и Павле” во Горно Лисиче. Општина Аеродром е традиционален поддржувач на настанот, а оваа година единствена јавна институција која со финансиски средства го поддржа „Илинденскиот марш“.

Фото: Општина Аеродром