Најголемиот проблем со белиот леб е тоа што, поради високиот гликемиски индекс, премногу брзо ослободува енергија и го зголемува нивото на шеќер во крвта. Кога размислуваме за слабеење, мислиме дека лебот е првото нешто што треба да се исфрли од исхраната. Добрата вест е дека постои поздрава алтернатива што ни дава можност да не се откажеме целосно од оваа намирница во нашата редовна исхрана.
Имено, експертите откриле трик како едноставните јаглехидрати во лебот да се претворат во поздрави, односно по „поотпорни“ јаглехидрати. Доколку навистина ви е тешко да се откажете од лебот, а би сакале да ослабете, како што пишува „Дејли мејл“, можеби ќе ви биде полесно доколку примените трик што, наводно, ќе го преполови бројот на калории што ги внесувате со лебот.
Финтата е да ставите купен или печен леб дома во замрзнувач! Зошто? Бидејќи, како и готвењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи чудно, но значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни цревните бактерии наместо да создава вишок. Поголемиот дел од отпорен скроб значи дека телото побавно го вари замрзнатиот леб, што предизвикува поблаг пораст на шеќерот во крвта од свежиот леб, што потенцијално го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
– Отпорниот скроб значи дека вашето тело апсорбира помалку калории и затоа повеќе се достапни за вашиот микробиом (вашите цревни бактерии), давајќи им на „добрите“ бактерии нешто да се хранат и да се размножуваат – објаснува нутриционистот Мајкл Мозили.
Најголемиот проблем со белиот леб е тоа што поради високиот гликемиски индекс пребрзо ослободува енергија и го зголемува нивото на шеќер во крвта. Сепак, оние што немаат дијабетичари во своето семејство не треба да се грижат за консумирањето на белиот леб, кој е идеален за појадок бидејќи го забрзува метаболизмот, тврдат научниците. Покрај сето погореспоменато, замрзнувањето е најдобриот начин за продолжување на рокот на траење на лебот.