• Дознајте дали навистина ви е потребно дополнително заштитно стакло и како со неколку едноставни навики можете да го одржите екранот во совршена состојба

Ако имате модерен телефон, веројатно е дека повеќе не ви е потребно заштитно стакло. Моделите како „самсунг глакси С26“ користат напредно заштитно стакло на предната страна, дизајнирано да издржи сериозни оптоварувања. Во специјализираниот тест за отпорност на гребење Кноп, стаклото се тестира со пирамидален дијамантски вдлабнувач, а „корнинг горила виктус 2“ почнува да ги покажува првите знаци на гребаници и микропукнатини при притисок помеѓу седум и 10 њутни. Ова ниво нуди иста отпорност на гребење како и оригиналниот „горила виктус“, но новата верзија има една голема предност. Може да преживее пад врз бетон од висина од еден метар.
Затоа, инсталирањето заштитно стакло денес е повеќе дополнително осигурување отколку задолжителна опрема.

Стаклото на новите телефони е исклучително цврсто

Сепак, иако стаклото на новите телефони е исклучително цврсто, не е целосно неуништливо, особено во случај на силен удар или пад од поголема висина. Затоа, внимателното ракување со уредот останува најважниот фактор за избегнување скапа замена на екранот.
Ако долго време не користите заштитно стакло, веројатно сте забележале мали гребаници на неговата површина. Тие се предизвикани од невнимателно поставување на телефонот со лицето надолу или носење во џеб заедно со клучеви, монети или џебни ножеви. Иако фабричките екрани се многу отпорни, тие не се целосно заштитени од гребаници. Затоа, треба да се избегнува контакт со предмети што се поцврсти од самото стакло. Песокот и прашината се меѓу најчестите причини за малите гребаници, бидејќи содржат тврди кварцни честички. Редовното чистење ги отстранува овие честички пред да предизвикаат каква било штета.
За безбедно чистење на екранот, направете раствор од еднакво количество вода и изопропил алкохол, кој исто така ги уништува микроорганизмите. Користете мека крпа од микрофибер и нежно избришете го екранот. Избегнувајте раствори со повеќе од 70 отсто изопропил алкохол и агресивни средства за чистење, бидејќи тие можат да го оштетат олеофобниот слој на екранот.

Дали ви е потребна заштита од сина светлина и страничен поглед?

Сината светлина од екранот може да го наруши сонот, поради што постојат специјални заштитни очила со филтри. Тие блокираат помеѓу 30 и 60 проценти од сината светлина, но вградените софтверски функции на телефонот ја вршат оваа работа многу поефикасно и се целосно бесплатни.
Софтверското решение ви овозможува да поставите распоред за автоматско вклучување навечер и за исклучување наутро. Така, екранот нема постојано да има жолтеникава нијанса што негативно влијае на точноста на приказот на боите. Ако најчесто го користите телефонот дома, овој вид заштита не е неопходен. Иако ова решение им отежнуваа на луѓето околу вас да ја видат содржината на екранот, тоа има неколку недостатоци. На пример, може да направи сликата да изгледа зрнеста или пикселизирана. Исто така го затемнуваа екранот, принудувајќи ве да ја зголемите осветленоста, што побрзо ја празни батеријата.
За да го одржите екранот во совршена состојба без дополнително заштитно стакло, доволно е да следите неколку едноставни правила.
Прво, користете заштитна маска со издигнати рабови околу екранот. Тие создаваат заштитна бариера кога ќе го испуштите телефонот со екранот свртен надолу или кога телефонот ќе падне на рамна површина. Одредете посебен џеб на вашата облека или преграда во вашата чанта само за вашиот телефон. Не чувајте го заедно со клучеви или други метални предмети. Држете го уредот подалеку од директен контакт со песок на плажа. Чувајте го во затворен џеб или ранец за да спречите гребаници предизвикани од честички прашина.