Мадрид / Илустрација / Фото: Пиксабеј

Во Шпанија не е дозволено на децата да им се даваат имиња што потсетуваат на негативни личности од историјата и религијата.

Имено, Законот од 8 јуни 1957 година предвидува забрана за називи „кои објективно му нанесуваат штета на некое лице, се збунувачки при идентификацијата и коишто доведуваат до заблуда“. Тука денес спаѓаат имињата на Осама бин Ладен, Сталин, Луцифер, Јуда, Каин и Хитлер, коишто се изрично забранети во оваа земја.

Според Законот, името е забрането и „доколку е екстравагантно или, во комбинација со презимето, е во спротивност со пристојноста и достоинството на личноста“, пренесува „Еуровикли“.