Доколку сте решиле да ослабете или едноставно да го обликувате вашето тело, најдобар начин да го постигнете тоа е редовното вежбање. Но, колку често всушност треба да вежбате за да постигнете видливи резултати што е можно поскоро?
Физиотерапевтот Кен Носака од универзитетот „Едит Кауан“ во Австралија тврди дека може да забележите промена ако вежбате најмалку трипати неделно. Тој истакнува дека најдобро е да вежбате од три до пет дена во неделата и дека за еден месец ќе имате видливи резултати.
– Мислам дека е најдобро да вежбате по малку секој ден, дури и ако тоа се само 20 минути пилатес или кардио, за да останете активни и здрави – рече Носака.
Тој ја истакна важноста и дека на телото односно на мускулите им е потребен и одмор од секојдневното вежбање, па затоа препорачува вежбањето секојпат да биде во исто време. Тој се залага и за практиката на Светската здравствена организација, која наведува дека се потребни минимум 150 минути вежбање неделно.
Но, она што е особено важно е ефикасностa. Имено, овој физиотерапевт наведува дека 20 минути вежбање секој ден се поефикасни од два подолги тренинга неделно.
Дополнително, тој тврди дека е важно секој ден да имаме барем уште една интензивна физичка активност, која би траела најмалку пет минути.