Филмот од жанрот катастрофи, „Мунфол“, е прогласен за еден од најлошите досега снимени, судејќи според заработката што досега ја остварил.
Наспроти тоа што го режирал ценетиот американски режисер Роланд Емерих, кого го нарекуваат и мајстор на катастрофата, бидејќи зад него е успешна листа на снимени филмови од овој жанр, за жал, „Мунфол“ не предизвика интерес кај публиката.
Филмот говори за мистериозна сила што ја исфрла Месечината од Земјината орбита и во целост го менува човештвото. Во главните улоги се: Хали Бери, Патрик Вилсон, Џон Бредли и други. За филмот се потрошени импресивни 140 милиони долари.
Почна да се прикажува минатиот месец, а првиот викенд заработи само 10 милиони долари. Досега има заработка од 39, 2 милиони, што во споредба со вложените пари е мала цифра, многу под очекувањата.
Буџетот не ги вклучува парите потрошени на маркетинг, што значи дека загубата е многу поголема.