На петмина се искачи бројот на починати штипјани, меѓу кои и директорот на Центарот за култура – Штип, Филип Стевановски, во огнената катаклизма во кочанската дискотека „Пулс“. Според информации на ТВ Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште.
Претходно е потврдена смртта на четири лица, меѓу кои и на директорот на Центарот за култура – Штип.
Филип Стевановски е магистер по џез и директор на штипскиот фестивал за детски песнички „Весело штурче“, познат е кај штипската и македонската музичка публика како истакнат во својата продуцентска и композиторска дејност.