Фото: Пиксабеј

На 21 март, на северната полутопка ќе настапи пролетта. Во исто време, за жителите на јужната хемисфера започнува есента.
До крајот на месецот се очекува и почетокот на летното сметање на времето.
Според податоците, летното сметање започнува рано изутрина на 31 март. Стрелките одат еден час нанапред, па така, времето во 2 часот, од 31 март 2024 година, се смета како 3 часот. Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март.