Фото: Пиксабеј

Вашингтон, САД, собрал 510 извештаи за неидентификувани летачки објекти (НЛО) во 2022 година, од кои многу летале во чувствителен воен воздушен простор. И покрај тоа што нема докази за вонземјани, тие сè уште претставуваат закана, се наведува во извештајот на американската влада, кој беше декласифициран завчера.
По анализата било утврдено дека повеќето извештаи зборуваат за објекти со „незабележливи карактеристики“ и дека тие може да се окарактеризираат како системи на беспилотни летала или објекти слични на балон.
– Средбите со НЛО се случуваат во ограничен или чувствителен воздушен простор, што предизвикува загриженост за безбедноста на летовите или активностите за собирање податоци од страна на противниците – се наведува во извештајот на канцеларијата на директорот на националното разузнавање за 2022 година.
Минатата година Пентагон ја отвори канцеларијата за решавање аномалии во сите домени, која исклучиво се фокусираше на примање и анализа на сите извештаи за неидентификувани појави, од кои многу беа пријавени од воени пилоти, а канцеларијата соработува со разузнавачките агенции за понатамошна евалуација на тие инциденти.