Списанието „Конд наст травелер“ објави листа на 50 најубави градови во светот, а првото место го зазеде Албарацин во Шпанија.
Некои од критериумите што ги користело споменатото списание биле архитектура, пејзаж, инфраструктура итн. Албарацин е планински град покрај реката Гвадалавијар. Зградите во розови и портокалови нијанси одлично се вклопуваат во карпестиот амбиент.
Овде живеат нешто повеќе од 1.000 луѓе. Ова место е многу интересно и за туристите поради историјата на муслиманското и христијанското владеење. Во него можете да најдете готски катедрали и урнатини на мавританските алказари.
На оние што имаат намера да го посетат Албарацин им се препорачува да резервираат престој во Валенсија и потоа да возат два часа до овој град. По Албарацин на листата се најдоа: Бан Рак Таи (Тајланд), Банос (Еквадор), Бар Харбор (САД), Биеи (Јапонија), Блед (Словенија) итн.
„Со своите смарагдни води, островче со цркви, поглед на Јулијанските Алпи и замокот од 12 век, нема да ви недостигаат совршени глетки“, е опишан Блед.