Лекарите овој викенд биле запрепастени од случај на 41-годишен Чех кој ја скршил ногата берејќи печурки на истокот на земјата, откако анализите покажале дека не е само поднапиен, како што изгледал, туку дека во крвта има дури 8,83 промили алкохол што е нов неславен чешки рекорд.

– Мажот најпрво призна дека испил шише и половина пиво. Заради претстојната операција направивме анализа на крвта за присуство на етанол и се покажа дека имал дури 8,83 промили алкохол во крвта – рече Јиржи Стошек, лекар од болницата за весникот Право.

Лекарите додале дека во својата пракса не наишле на пациент толку пијан. А тоа многу да не се забележува.

– Чекореше, се ориентираше. Клинички изгледаше максимално на три промила алкохол во крвта. Ни рече дека пиел со другарите во петок вечер, а во сабота наутро тргнал да бере печурки претходно испивајќи две пива. Првото јадење, парче леб со месо, заедно со пиво, го изел откако се повредил, пред да биде префрлен во болница – појаснува Надежда Мичудова, примариус во болницата.

Чехот од Крново со 8,83 промили алкохол во крвта го собори овој викенд неславниот национален рекорд што го држеше еден тракторист, кого чеѓката сообраќајна полиција го запре и му измери цели осум промили алкохол во крвта.

Светскиот рекорд го држи Полјакот Анжеј В. кому по прославата со пријателите му биле измерени 12,8 промили, а меѓу жените прва е Французинка на која по сообраќајна несреќа и биле измерени 11 промили алкохол во крвта.