Се навикнавме латинодивата Џенифер Лопез да ја гледавме на филмското платно. Улогите во романтичните комедии, кои дури постигнаа завиден успех, ако не меѓу критичарите, тогаш меѓу гледачите, дефинитивно ја лансираа на мапата на препознатливи актерки.
„Венчавка од ведро небо“, „План Б“ или „За сѐ е виновна свекрвата“ се само дел од филмовите, а Џеј Ло ќе се обиде да ги улови срцата на публиката со уште еден филм оваа година. „Омажи се за мене“ пристигнува во кината во мај. Иако премиерата требаше да биде на Денот на вљубените, 14 февруари, епидемиолошката состојба во светот го смени датумот на лансирање во мај.
Филмот „Омажи се за мене“, во кој таа глуми со уште една латиносуперѕвезда – Малум – и Овен Вилсон, извлекува некои детали од животот на Џенифер.
Имено, приказната ја следи познатата пејачка Кат Валдез, која би требало да се омажи за еднакво славниот музичар Бастијан (Малум) пред многу обожаватели, но неколку моменти пред заветот дознава дека Бастијан бил неверен и одлучува да се ожени со Чарли (Овен), странец што во публиката држел натпис „Омажи се за мене“.