Неодамна на Интернет се појави првата фотографија од претстојната филмска драма за принцезата Дијана. Кога луѓето ја видоа Кристен Стјуарт во оваа улога, нејзиниот избор кај повеќето наиде на големо одобрување.
Облечена во копија на црвеното палто на починатата принцеза и шапка со црн превез, американската актерка и sвезда на сагата „Самрак“ неверојатно потсетува на Леди Ди.
Продукцијата на филмот со наслов „Спенсер“, кој сега се снима во Германија и Велика Британија, а премиерата е најавена за оваа есен, нема да биде единствениот за Дијана што ќе ги краси екраните оваа година. Во меѓувреме, филмаџиите брзаат да ни ги испорачаат своите верзии за таканаречената кралица на срцата.
Минатата година водечка беше серијата „Круна“ на Нетфликс, со четвртата сезона, најверојатно најпопуларната досега, благодарение на претставувањето на младата Дијана (Ема Корин). Гледачите ја гледаат како се движи низ мачна врска со новиот сопруг, принцот Чарлс (Џош O’Kонор).