Социјалната мрежа Твитер е соочена со сериозни безбедносни закани, па поради тоа ангажира еден од најпознатите светски хакери за решавање на проблемот, од инженерски грешки до ширење дезинформации.
Станува збор за Питер Затко, познат под своето хакерско име Маџ, кого Твитер го постави за шеф на безбедноста и му даде широки овластувања да препорачува промени во структурата и практиката на работата на Твитер.
Затко во 1990-тите години истовремено водел доверлив проект за компанија, која имала договор со Владата и бил водач на Култот на мртвата крава, група хакери, познати по тоа што објавила алатки за хакирање на Виндоус, за да го поттикнат „Мајкрософт“ да ја подобри безбедноста.
Меѓу другото, Затко работел и на посебни проекти на „Гугл“ и надгледувал доделување проекти за сајбер-безбедност во агенцијата на Пентагон за истражувања и проекти – ДАРПА.