Пред неколку месеци, холивудскиот актер и пејач Дејвид Хаселхоф (66) изјави дека подготвува албум во кој, освен популарни хитови, ќе има и хевиметал-музика и така и се случи. Најпознатиот спасувач на социјалните мрежи неодамна објави дека е завршен албумот со панк-кавери наречен „Open Your Eyes“.
Хаселхоф откри дека песните на новиот албум, кој беше објавен на денот на одбележувањето на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, имаат политичка порака.

Новиот носач на звук содржи обработки на познати хитови на бендови од 1980-тите години, како што се „Еко емд д Банимен“ и нивната песна „Lips Like Sugar“ и групата „Д Џезус анд Мери Чеин“, кои го лансираа хитот „Head On“.
Хаселхоф стана познат во доцните 1980-ти со улогата на Мич Бјуканон, командант на спасувачката служба во Лос Анџелес. По него на плажата трчаше, меѓу другите, и атрактивната Памела Андерсон (51).

Инаку серијата „Чувари на плажа“ од оваа сезона, секојдневно во попладневните часови се прикажува на телевизија Телма.