Некои семејства на познати светски ѕвезди слават Божиќ на 7 јануари за да ја испочитуваат православната традиција од која потекнуваат, а други, пак, овој датум го презеле од својот брачен партнер.
Познатата светска манекенка Наоми Кембел е родена во Лондон. Мајка ѝ е од Јамајка, а таткото никогаш не го запознала. Таа го прифатила православниот Божиќ по врската со рускиот моќник Владислав Доронин.
Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло. Исто така таа е четврта генерација иселеници од Ерменија во САД, а нејзините предци влечат кроени од територијата на Турција.
Том Хенкс, како и Наоми Кембел, љубовта го натерала да ја смени верата. Имено, неговата втора жена Рита Вилсон е православна. Татко ѝ е од Бугарија, а мајка ѝ е Гркинка, по потекло од Албанија.
Легендарниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, освен католичкиот, го прославува и православниот Божиќ со својата сопруга, српската тенисерка Ана Ивановиќ.
Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од татко ѝ Џон Анистон, кој е роден на грчкиот остров Крф. Познатата глумица досега дала многу доброволни прилози за тамошната црква, која е под заштита на Вселенската патријаршија.