Бидете подготвени! Денес во 19 часот, излезете на тераса, двор или на прозорец извадете ги звучниците, пуштете погласно Радио Бубамара на 105,2 и сите заедно да се развеселиме.  Слушајќи ја во исто време на радио песната „Дирлада“ на групата „Меморија“ ајде сите да заборавиме за миг на се што ни се случува велат од популарното скопско радио.

Вработените посочуваат дека сите што сакаат освен на радио, можат да се вклучат и преку интернет нa следниот линк.