Долго време се шпекулираше дали Том Харди ќе го глуми најпознатиот американски гангстер во историјата – Ал Капоне. По потврдата на самиот глумец, вчера на својот Инстаграм профил тој објави и фотографија од снимањето.

Станува збор за филмот „Фонзо“ на режисерот Џош Тренк.

Во улогата на Ал Капоне досега беа Род Стајгер, Роберт де Ниро и Бен Газаро. Новиот филм ги раскажува последните години од животот на (не)славниот криминалец, кога тој заболува од деменција во затворот, но се уште се присетува на своето мрачно минато.

Датумот на премиерата се уште не се соопштува.