Алое вера – чудотворна билка за вашата кожа и коса

Алое вера е растение од кое вашата коса и кожа можат да имаат повеќе бенефиции. Секој дел од растението може да биде корисен за нега и убавина. Гелот од алое вера се покажа како одличен извор на богати витамини и минерали добри за вашата кожа и коса. Благодарение на неговите антибактериски и антивирусни својства, растението алое вера може да помогне во зараснување на раните, при исеченици и исип. Гелот може да ја смири кожата, правејќи ја многу повеќе хидрирана од скапите креми. Можете да ги средите веѓите и трепките со алое вера, користејќи четка за маскара, како и да ги подобрите растот и квалитетот на косата.
Земете малку алое вера, ставете ја во сад и добро измешајте ја со прстофат куркума во прав и мед. Нанесете на лицето и вратот. Исплакнете по 15-20 мин. Оваа маска ви помага да ја навлажнете кожата, а особено се препорачува во зима, бидејќи тогаш е сезоната кога најмногу се јавува иритација.