Има многу воени филмови што имаат висока оцена и на филмската мрежа
ИМДБ и кај публиката. Во прилог најдобрите од 2001 до 2018 година

„Падот на црниот јастреб“ (2001)
режија: Ридли Скот
глумци: Џош Харет, Јуан Мекгрегор, Том Харди
Кратка содржина: Дејството се одвива во 1993 година во Сомалија. Американски војници учествуваат во една акција со цел да грабнат високи офицери на една воена фракција поради чија корумпираност гладуваат стотици илјади Сомалијци. Меѓутоа, едночасовната акција пропаѓа при што се срушени два хеликоптера од типот „блек хок“, така што започнува петнаесетчасовна акција за спасување.

„Последниот самурај“ (2003)
режија: Едвард Цвик
глумци: Том Круз, Кен Ватанабе, Шин Којамада
Кратка содржина: Дејството на филмот се одвива во Јапонија, во 1870 година. Американскиот воен капетан Нејтан Алгрен е изнајмен од јапонскиот цар за да ја обучи јапонската армија во духот на западните армии. Императорот сака да воведе реформи во земјата и да ја приближи до Западот, при што сака да ги искорени самураите.

„Бес“ (2014)
режија: Дејвид Ајер
глумци: Бред Пит, Логан Лерман,
Кратка содржина: Во април 1945 година, сојузниците водеа финални битки на европско ниво. Наредник Вардади (Бред Пит) управува со тенкот „шерман“ и се обидува да се пробие низ огнени линии до срцето на нацистичката Германија. Ќе направат сѐ за да ја извршат задачата.

„Наредникот Џејмс“ (2008)
режија: Кетрин Бигелоу
глумци: Џереми Ренер, Ентони Мики
Кратка содржина: Дејството е сместено во денешен Ирак и ја следи акцијата на тричлениот тим на чело со командантот Џејмс.

„Непријател пред врата“ (2001)
режија: Жан Жак Ану
глумци: Џад Ло, Ед Харис
Кратка содржина: Руски и германски снајперисти ја играат играта на мачка и глушец за време на битката за Сталинград.

„Пијанист“ (2002)
режија: Роман Полански
глумци: Адриен Броди, Томас Кречман, Френк Финли
Кратка содржина: Полски еврејски музичар се бори да ја спаси Варшава од уништувањето во Втората светска војна.

„Неславни копилиња“ (2009)
режија: Квентин Тарантино, Ели Рут
глумци: Бред Пит, Дајен Кругер, Ели Рут
Кратка содржина: Дејството на филмот се одвива во германско окупираната Франција за време на Втората светска војна. Поручникот Рајан има една цел, наоѓање и убивање на нацистите.

„300“ (2006)
Режија: Зек Снајдер
Глумци: Џерард Батлер, Лена Хајди, Дејвид Венхам
Кратка содржина: Кралот Леонидас од Спарта со војска од 300 мажи се бори со Персијците во битката кај Термопил.

„Гребенот на спасените“ (2016)
режија: Мел Гибсон
глумци: Ендру Гарфилд, Сем Вортингтон, Лук Брејси
Кратка содржина: Доктор од Втората светска војна, кој служел за време на битката на Окинави, одбива да убива луѓе и станува прв човек во американската историја кој добива медал за чест без испукан куршум.

„Даунфол“ или „Крајот на третиот рајх“ (2004)
режија: Оливер Хиршбигел
глумци: Бруно Ганз, Александра Мариа Лара,
Кратка содржина: Траудл Џунџ, последната секретарка на Адолф Хитлер, зборува за последните денови на нацистичкиот диктатор во берлинскиот бункер на крајот на Втората светска војна.