Музичкото радио Канал 103, актуелно по неговата борба за враќање на ФМ-фреквенцијата и конечно легализирање на сопствениот статус, го започнува физичкиот дел од прославата на својот 30-ти роденден со соло-концерт на Крсте Роџевски, еден од најинтересните и најсуптилни вокалисти, композитори и гитаристи во македонската музика воопшто.
Овој настап на Роџевски, кој своите почетоци ги бележи во 1990-тите во Битола, заедно со група музичари од кои подоцна ќе произлезат „Фолтин“ и „Љубојна“, е најавен како своевидна акустична прошетка низ најинтересните ќошиња од неговите четири њујоршки албуми што ја заинтригираа светската не само џез-критика и публика: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017), „The Rabbit And the Fallen Sycamore“ (2018) и „Hubris“ (2020).
Концертот е закажан за 22 јули во 21.30 часот, во магичниот амбиент на „Куршумли-ан“, создаден за патување низ времето, каде што музичката те рапија на Роџевски ќе добие совршено легло, природен простор и сојузник.
Настанот, кој ќе се одржи со почитување на сите пропишани регулативи за одржување концерти на отворен простор, е поддржан од Министерството за култура и институтот „Јунус Емре“.