Холивудските легенди Алек Болдвин и Келси Грамер ги здружија силите во новата комедија што ќе се прикажува на Еј-би-си.
Приказната е за тројца мажи што биле цимери во 1990-тите години, додека не ги разделило нивното завојувано его. Сега триото се обединува, неколку децении подоцна, за уште една трка.
Болдвин и Грамер ќе глумат двајца од цимерите, а третиот член ќе биде објавен подоцна. Еј-би-си ја подготвува серијата за сезоната 2021/2022.
Болдвин беше редовен член на шоуто „Во живо во сабота навечер“, во кое го играше американскиот претседател Доналд Трамп. Грамер неодамна се појави во една епизода од комедијата „Втора шанса за Керол“ на Си-би-ес.
Во улога на извршни продуценти на комедијата ќе бидат Крис Лојд, креаторот на „Модерно семејство“, и Вали Чандрасекаран.