Китовите што се хранат во водите на Антарктикот ја зачувуваат топлината на своето тело преку пренасочување на протокот на крвта од нивната кожа, со што се намалува регенерацијата на клетките на нивната кожата и се запира нормалното распаѓање на надворешниот слој на нивното тело. Китовите мигрираат во потоплите води за да ја обноват својата кожа. Научниците во текот на осум години со помош на сателитите го следеа движењето на китовите убијци и открија дека четирите вида што се хранат во студените води на Антарктикот минаа над 11.000 километри. Нивната миграција е постојна и претежно се движи во правецот север-југ. Според научниците, китовите ја имаат најголема годишна миграција на планетата Земја во однос на биомасата со што значително влијаат врз локалните екосистеми.