Железната круна на Лонгобардија истовремено е реликвија и едно од најстарите кралски обележја во христијанскиот свет, создадена е во четвртиот век и беше симбол на Кралството на Лонгобардите во Италија. Подоцна се користеше за крунисување на светите римски императори до времето на Наполеон Бонапарта, кој ја уништи светата Римска Империја.

Според традицијата, Св. Елена, мајката на римскиот императорот Константин Велики, ја создала круната за својот син, притоа во неа бил поставен свет клин од оригиналниот крст на кој бил распнат Исус, откриен од самата Св. Елена. Подоцна папата Григориј ѝ ја подарил на Теоделинда – лонгобардска принцеза, како дипломатски гест. Во 628 година, Теоделинда ја подарила круната на црквата во италијанскиот град Монца.