Интернет-страницата „Муви мистејкс“ ги брои и ги бележи сите грешки направени во филмовите, а нивната статистика од претходната година покажа дека филмот со најмногу направени грешки е всушност „Капетан Марвел“, во кој се најдени дури 62 пропуста.

На страницата подетално е наведено за какви грешки станува збор, а тие се движат од погрешни датуми до погрешни позиции на актерите во филмовите.
На второто место на овој список се најде уште еден голем хит на Марвел „Одмаздници – завршница“, во кој се најдени 51 грешка. Филмот „Мидсомар“ е на третата позиција со 45 грешки, а само две грешки помалку има следниот филм на списокот – „Штубер“.
„Бетмен: Хуш“ има 42 грешки и се наоѓа на петтото место на оваа листа, а потоа следува „Авантурите на Аладин“ со 34 грешки. По нив се наоѓаат „Ким Посибл“ со 33 грешки и „Алита: Борбениот ангел“ со 31 грешка.

Во големото остварување на Мартин Скорсезе, „Ирецот“, се забележани 30 грешки, ставајќи го на деветтото место на списокот. Десеттото место го зазема „Близнаци“ со 27 грешки, а потоа следуваат „Хобс и Шау“ со 26 и „Мртвите не умираат“ со 18 грешки.
На списокот се наоѓа и популарниот филм „Си беше еднаш во Холивуд“, во кој има 15 грешки, а веднаш зад овој филм се наоѓаат имињата на филмовите „Ад астра“ (13 грешки) и „Џокер“ (12 грешки).