Џејмс Дин Бајрон е роден пред 90 години, на 8 февруари 1931 година, во гратчето Марион, во американската сојузна држава Индијана. Починал на 30 септември 1955 година во сообраќајна несреќа во местото Коламе, во Калифорнија. Тој е американски филмски актер и културна икона, која најдобро е отелотворена во неговиот најпознат филм „Бунтовник без причина“.

Денис Стоук е човекот кој го фотографирал Џејмс Дин и станал негов пријател, а на големото платно го играл Роберт Патинсон во филмот „Живот“. Кога фотографот на агенцијата „Магнум“, Стоук, за првпат го видел Џејмс Дин во филмот „Источно од рајот“,  рекол дека „знаел оти присуствува на раѓањето на ѕвездата и чувствувал колку е вистинска привлечноста на Дин“, според Џо Химс, колумнистот на „Холивуд“.

На Стоук доцна му беше дадена можност да го овековечи актерот, кој почина на 24-годишна возраст. Во раните месеци од 1955 година, тој го фотографирал Дин како шета на „Тајмс сквер“ во Њујорк по дожд и лежи во замрзната штала во Индијана; како игра на час по танц со Ерт Кит и свири на бонго тапани на добротворен бал во неговото старо средно училиште. На тие фотографии, тој понекогаш изгледал како да е изгубен во мислата, груб, несигурен и непослушен, дури и пред да стане славен.

Во времето кога Дин загинал во сообраќајна несреќа, премиерно беше прикажан само еден филм во кој глумел. Поради тоа оваа серија фотографии помогна во јавноста да се создаде мисење за него.

Сите фотографии на Стоук се на едно место, во книга објавена во 2015 година, за прв пат откако излегоа во списанието „Лајф“ пред 72 години.

Како што напишал Химс во есејот што служел како вовед: „дотогаш, ниту еден фотограф не бил во посета на домот на ниеден актер, бидејќи малку актери беа подготвени да ги откријат своите корени и да признаат дека семето на нивниот талент потекнува од прилично обична земја“.

Мајката на Дин починала кога тој имал девет години, а неговиот татко го испратил да живее кај роднини во Индијана.

Стоук забележал во придружниот текст на фотографиите од фармата дека „е многу веројатно оти Џими никогаш не ја преболел смртта на неговата мајка“.

На сивата слаба светлина во февруари на Средниот Запад, фотографот го фатил Дин замислен. На другите фотографии се гледа добро расположение на Дин, додека седи со скрстени нозе во двор опкружен со домашните животни од фармата.

– Во тој момент, тој стоеше во светот на неговото потекло во Фермаунт и раната фаза на светскиот успех. И така, тој се врати во Фермаунт за да ги испита своите корени – напишал Стоук.

За време на неговиот престој дома, Дин ги прашал своите баба и дедо за неговото потекло.

Како што се сеќава Стоук, една од темите за кои не разговарале, а која секако била важна, биле игрите на Дин со неговата мајка додека бил дете, при што тие сами правеле сцена и измислувале претстави, кои потоа ги изведувале со кукли.

На една фотографија се гледа како Дин вежба улога во ТВ-драма. Размислувањата на Стоук за неговиот стил на глума се објаснети со фотографии.

– Користејќи ја ограничената способност на адолесцентите да бидат артикулирани, Дин максимално го користи телото, а изразите на лицето се особено експлицитни. Јас ментално ја насликав неговата богата палета на моќни гестови – објаснува Стоук.

Тој спектар на изрази го најде своето место во фотографиите на Стоук, кои никогаш не се претвораат во холивудска формалност.

– Бев свесен дека врската може да стане паразитска ако не фотографирам на значаен начин, но едноставно се опуштив со ексклузивни можности да ги фотографирам ѕвездите и новите надежни актери. Досадните фотографии на познати личности честопати се ценат, пред се, поради статусот на темата. Ако фотографијата е добра и покрај темата, мислев дека сум успеал. Приказната требаше да ги прикаже средините што влијаеле на уникатната личност на Џејмс Бајрон Дин и ја обликувале. Вложив многу напор да се дружам со Џими, бидејќи колку повеќе знаев за неговите расположенија, толку полесно ми беше да ги предвидам неговите гестови и ситуации – напишал Стоук, кој починал во 2010 година.

Стоук раскажал и како се чувствувал кога првпат го гледал филмот „Источно од рајот“. А фотографиите од патувањето до Фермаунт покажуваат напнато враќање дома.

Тој отиде дома за глyми. Но, тој исто така бил свесен дека метеорското достигнување на слава веќе започна да го одделува засекогаш од неговото рурално потекло од Средниот Запад и дека тој никогаш повеќе нема да може да се врати дома – напишал Стоук.

Тоа беше фотосесија што „го откри потеклото на актерот“, но исто обезбеди и сведоштво за актерот по неговата прерана смрт. Неколку фотографии покажуваат дека Дин разиграно позира во продавница за мебел во Фермаунт, каде што, како што напиша Стоук, „тој ќе се врати во ковчег, само седум месеци подоцна“.