Генералниот директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск, на 8 мај првпат ќе се обиде како водител на популарната американска ТВ-емисија „Саботна вечер во живо“. Мили Сајрус ќе се појави како музичка гостинка, што ќе биде нејзино шесто појавување во емисијата.
Веста е објавена веднаш откако патничката капсула на Маск, „Кру драгон“,
успешно слета на Меѓународната вселенска станица. Ова наедно е првпат некоја приватна компанија, во случајот „Спејс икс“, чиј сопственик е Маск, да испрати летало со екипаж во космосот. Со тоа е направен важен чекор за иднината на комерцијалните вселенски патувања.
Појавувањето на Маск во емисијата „Саботна вечер во живо“ ќе се случи неколку дена откако неговиот син ќе го прослави првиот роденден на 4 мај.
Маск најави на Твитер дека во Тексас сака да подигне нов град, кој ќе се вика Старбејс.