Словенечките власти соопштија дека дрвената статуа на американскиот претседател Доналд Трамп била запалена во Словенија, родното место на неговата сопруга Меланија.

Словенечката полиција го бара сторителот.

Статуата висока речиси осум метри, подигната минатата година, го прикажува Трамп со четвртеста глава и крената тупаница.

Иако конструкцијата станала популарна туристичка атракција, некои жители на Село кај Камник биле незадоволни и најавиле дека ќе ја запалат за Ноќта на вештерките, па била преместена во Моравце, пренесува АП.

Градоначалникот на местото, Милано Балазиќ рече дека палењето на статуата претставува симбол на нетолеранција на уметнички проекти во општеството.