„Елегија“ е насловен првиот за­еднички албум на саксофонистот Горан Папаз и на гитаристот Танче Гроздановски. Носачот на звук содржи 8 композиции, од кои четири се авторски песни, каде што авторите и изведувачите ја дока­жу­ваат својата музичка оригиналност и четири се преработки на тради­ционални маке­донски песни со оригинален аранж­ман. Со тоа, како што велат Горан и Танче, тие ќе дадат свој придонес за зачувување и негување на маке­донскиот фол­клор за сегашните и за идните ге­не­рации.

– Самиот наслов „Елегија“ зборува за стилот на композициите. Инаку, албумот се работеше во студиото „Гроздановски“, јас свирев на сак­софон, се разбира за гитарата беше задолжен Танче Гроздановски, а зад пијаното беше Иван Еминовиќ. Нас­ловите на композициите се: „Memories“, „Ој Јано, Јано“, „Што да правам што да чинам“, „Нели бевме“, „Friends“, „Калеш бре Анѓо“, „Елено, ќерко Елено“и „Пушти ме“. Гостинка на песната „Нели бевме“, во која се рецитира песната на македонскиот великан на пишаниот збор Кочо Рацин, е Марија Димитрова, која се потпишува и како копродуцентка на овој албум.Фотографиите и дизајнот на обвивката на албумот ги изработи фотографот Никола Николов – вели Горан Папаз.

Тој дополни дека со Танче веќе работат на следниот проект. Извр­шен продуцент на албумот е Давор Палиќ. „Елегија“ дигитално ќе биде дистрибуиран од хрватската музичка продукција „Менарт“.