Англискиот пејач, Ед Ширан, денеска ќе го објави својот најнов петти албум, кој го носи насловот „Equal“ (Еднакви). Носачот на звук доаѓа четири години откако започна да го снима.

– Се заљубив, започнав нов живот, поминав низ многу нешта додека го пишував овој албум – рече Ед.

Уметникот стави до знаење дека едвај чека сите да ја слушнат музиката на која тој работел овие неколку години.

Албумот има вкупно 14 песни, вклучувајќи ја и „Лоши навики“, која се најде во првите десет на топ листите во Обединетото Кралство, откако беше објавена во јули годинава.

Ширан е еден од најпопуларните музичари во Велика Британија. Дебитираше во 2011 година, а потоа издаваше нови албуми во 2014 и 2017. Неговите песни се големи хитови на сите светски топ листи, а албумите едни од најпродаваните на планетата.