Пандемијата на коронавирусот предизвика хаос низ целиот свет, кој вклучува и ограничувања на патувањата, но благодарение на „Гугл“ сега е можно виртуелно да се посетуваат културни знаменитости, природни убавини и други места што се дел од светското наследство на УНЕСКО од удобноста на домот.
Преку Центарот за светско наследство на УНЕСКО корисниците можат да истражуваат локации како што се Француските канали, Колосеумот во Рим, Килиманџаро и вулканите во Јужна Кореја. Исто така, можна е виртуелна посета на Рио де Жанеиро и „Таџ Махал“, па дури е можно и виртуелно да се плива со китови во Мексико.
Виртуелните тури се корисни за да ги одржат луѓето поврзани со колективната историја во време кога патувањето генерално не е можно. Потегот на „Гугл“ исто така може да биде вреден извор на нови информации што треба да се научат, а професорите можат да ги запознаат студентите со природното и културното наследство.
Турите вклучуваат информации за националниот парк Јосемити и за пирамидите во Гиза, а исто така е можно виртуелно да се посетат разни изложби во светските музеи, да се научи за електронската музика и да се ужива во уметничките галерии.