Љубителите на филмските приказни за суперхерои во следните две години може да очекуваат 12 филма со ваква тематика.
Филмот „Морбиус“ во кината би требало да стигне на 19 март 2021 година. Од „Марвел“ и ДЦ „Универзум“ најавуваат дека по сушата доаѓа вистински дожд од одлични филмски остварувања. Тие објавија дека премиерата на филмот „Црна вдовица“ на 25 јуни ќе ја прекине паузата од цели 20 месеци откако марвелов филм е премиерно прикажан во кината.
Во 2021 г. ќе го видиме и филмот „Спајдермен: Далеку од дома“, чија премиера ќе се одржи при крајот на следната година. Веќе на 11 февруари 2022 г. пристигнува филмот „Тор: Љубов и бура“, а на 4 март долго очекуваниот „Бетмен“. Кон крајот на оваа година ќе биде прикажан и „Капетан Марвел 2“.
Продуцентите нагласуваат дека овие датуми би можеле да бидат изменети поради пандемијата на коронавирусот.