Деновиве беше објавена првата видеоснимка од снимањето на новиот филм за тајниот агент 007. Едноминутната снимка ги прикажува сцените од снимањето на филмот на Карипските Острови. Новото продолжение сè уште нема официјално име, па засега филмот е познат како „Бонд 25“.

Во филмот што го режира Кари Фукунаг и покрај спротивставените информации, кои му претходеа на снимањето, сепак се враќа Даниел Крег во улога на најпознатиот таен агент на светот

Според најавите, „Бонд 25“ ќе биде прикажан во киносалите во април, 2020 година.
Досегашното снимање на филмот го следеа неколку непријатни ситуации.
За време на снимањето на филмот, Даниел Крег беше повреден на една од акционите сцени, поради што снимањето беше одолжено.