Фреска на која е претставена борба на двајца гладијатори беше откриена годинава во Помпеја, Италија, под скалите на крчма која била дел од воен комплекс во кој престојувале гладијатори. Фреската, најдена во гладијаторска барака, била затрупана по големата ерупција на вулканот Везув во 79 година од нашата ера.

На фреската е претставена сцена од крајот на борба, во која еден од гладијаторите е поразен и лежи покрај неговиот штит со видливи рани на раката и градите. Поразениот е претставен со палецот на тупаницата свртен нагоре, гест со кој бара милост, додека победникот очекува да добие наредба дали да го зададе завршниот удар.

Фреската е откриена заедно со уште безброј големи археолошки споменици и предмети, кои се дел од „Големиот проект на Помпеја“, програма за зачувување и реставрација со вредност од 140 милиони американски долари, започната во 2012 година. Благодарение на зачуваните остатоци од ерупцијата на Везув, Помпеја е место на кое археолозите постојано ископуваат.

Со бројка од над четири милиони посетители годишно, Попмеја и нејзините археолошки наоди се заштитени од УНЕСКО.