Корисниците на интернет деновиве останаа фасцинирани од фактот дека ваква болест се споменува во романот „Очите на темнината“ на американскиот писател Дин Кунц, пренесува „Машибил“.
Во книгата се споменува дури и градот Вухан, епицентарот на епидемијата со коронавирус. Озлогласениот коронавирус (ковид-19), од кој се заразени повеќе од 75.600 лица, зеде 2.126 животи досега.

Луѓето на социјалните мрежи почнаа да објавуваат цитати од оваа книга, тврдејќи дека Кунч ја предвидел епидемија на овој вирус, особено затоа што тој во својот роман го споменува Вухан како епицентар на инфекцијата за која пишува во книгата.
Писателот во овој трилер, објавен во 1981 година, го нарекува вирусот „вухан-400“, што е морничава случајност, но постојат големи разлики помеѓу вистинскиот вирус што потекнува од овој град и оној опишан во романот.

Првата разлика е во тоа што вухан-400 е развиен како биооружје надвор од градот, за да се „истребат“ луѓето. Затоа, стапката на морталитет на овој вирус е 100 проценти, односно секој што ќе се зарази со него умира. Ковид-19, од друга страна, има стапка на смртност од 0,2 проценти.