Актерката Галин Горџ, позната по улогите во „Робокап 2“, „Твин Пикс“ и „Принцот од Бел Ер“, ја загуби битката со ракот, пренесува „Дедлајн“.

Шила Легет, претставничка за односи со јавност на Горџ објави соопштение дека Галин починала во вторникот, на 14-ти јули, еден ден пред својот 56-ти роденден.

– Галин последниве девет месеци ја држеше својата борба со ракот во тесен круг на фамилијата и пријателите. Покрај се, остана позитивна и продолжи да ужива во животот на Хаваи. Таа го сакаше океанот и беше неверојатна танчарка, како и талентирана актерка – соопшти Лагет.

Горџ е родена во Лос Анџелес, а освен со актерство се занимавала и со продукција и танц.

Во последниве неколку години таа се појави во ТВ-сериите и „Паркови и рекреација“ и „Како да се извлечеш со убиство“. Таа неодамна завршила и со снимањето на филмот „Кампот на Телер“.