Новиот начин на уредување на кодексот на живот би можел да исправи 89 отсто од грешките во ДНК, кои предизвикуваат болест, велат американските научници.
Технологијата, наречена главно уредување, опишана како генетски процесор на зборови, е во состојба точно да го препише генетскиот код. Таа е користена за да се поправат штетните мутации во лабораторијата, вклучувајќи ги и оние што предизвикуваат анемија на српестите клетки.
Тимот од институтот „Броад“ вели дека е многу разновиден и прецизен, но дека истражувањето тукушто почнало. Главното уредување е најновиот напредок во областа на уредувањето на гените, кој се развива со неверојатно темпо. Нашата ДНК е упатство за градење и водење на нашето тело. Тоа е речиси во секоја од нашите ќелии. Можноста да се уреди ДНК преку уредување на гените веќе ги трансформира научните истражувања ветувајќи дека ќе ја револуционизира медицината и ќе постави длабоки морални и етички прашања по создавањето бебиња, чии гени се уредени да имаат заштита од ХИВ