Изложбата носи наслов „Долу на фармата“ и е резултат на истражување и на 14 години уметничко творештво на уметникот во северна Русија, особено на архипелагот Соловки

Во Музејот на градот Скопје, вечерва, во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од Данкан Хигинс, ликовен уметник од Шефилд, Обединетото Кралство. Тој е професор по ликовна уметност на академијата за уметност и дизајн „Берген“ во Норвешка, како и професор по визуелна уметност на универзитетот „Нотингем Трент“ во Обединетото Кралство.
– Изложбата се состои од повеќе од 1.000 слики со димензии 25 х 20 см. Сликите се изработени од материјали како масло, мешани бои, фотографии, ткаенини жакард, руски и литвански ткаенини од раниот 18 век, а ги придружува уникатна рачно напишана книга со слики. Изложбата носи наслов „Долу на фармата“ и е резултат на истражување и на 14 години уметничко творештво на Данкан Хигинс во северна Русија, особено на архипелагот Соловки – најавуваат организаторите.
Архипелагот Соловецки, кој често се нарекува и Соловки, е на само 165 километри од Арктичкиот круг. Далечниот архипелаг на острови е познат по својата импресивна убавина и одамна се користи и како одморалиште и како место за прогонство. Изграден во 15 век, неговиот манастир е еден од најпознатите и најсветите во Русија, и се претворил во голема дестинација за аџилак – но бил и место за прогонство и во 20 век е користен како „мајка“ на првиот и најбруталниот затворски логор на советскиот гулаг.

– Во декември 2004 година, доживеав ненадејна и значителна промена во сфаќањето на моето културолошко место во светот. За мене, Соловки е место на ограничувања, микрокосмос на меѓусебно поврзани културни односи, крајна граница или екстремна ситуација каде што се инкорпорираат екстремите на климата, географијата и природата, верата, бруталноста, убавината и фантазијата. Ова искуство продолжува да ги дефинира контекстите и приодите за креирање на изложбата „Долу на фармата“ затоа што чувствувам дека не ја допира само мојата туку и пошироките споделени истории. Особено сум фокусиран на истражување на идеите за сведоштво и се обидувам да најдам начини да визуализирам како личното и историското се среќаваат. Да придонесам кон иднината во која се претвораме – вели уметникот.
Во рамките на заканувачките евокативни моменти „Долу на фармата“ тргнува „каде што очите никогаш не гледаат“, тоа е дел автобиографија, дел одговор на културата, и дел собрани сведоштва изградени преку преплетена полифонична форма на слики.
– Долгите пасуси, кои намерно талкаат преплетени со кратки делови и повторно собрани фрагменти се споени со напорни монолози што преминуваат помеѓу сезнаење и олицетворение, и сликите се раствораат и откриваат. Со болка и обвинувачка лутина, и понекогаш суровост, „Долу на фармата“ длабоко навлегува во болест, смрт, љубов, и на дефектен или изгубен човек; заробен во незамисливи настани што се борат со нивната речиси неверојатност да се артикулираат или претстават, но сепак некако се истовремено банални – вели Хигинс за делата.
Изложбата е организирана од Музејот на градот Скопје, Дирекцијата за култура и здружението „Доминион“ и е во програмата на „Скопско лето“.