Фото: З.А.

Во уметничкиот салон од Домот на културата во Македонски Брод беше отворена изложба на фотографии од главниот град на Русија, Москва, претставена со сите свои знаменитости и светски познати објекти. Фотографиите беа со формат 40Х60, а во Домот на културата се отстапени од страна на Музејот на град Скопје.

– За првпат во нашиот град беше отворена изложба на фотографии создадени во главниот град на Русија, Москва. На 31 фотографија во голем формат, претставени се светски познатите знаменитости и објекти во градот, почнувајќи од Црвениот плоштад, преку Кремљ, унивезритетот Ломоносов, театарот „Бољшој“, московското метро и многу други. Овие фотографии жителите на Македонски Брод ќе можат да ги видат до 10-ти овој месец, до кога оваа поставка ќе биде во Домот на културата – истакна на отворањето директорката на домот Милена Стојческа и нагласи дека на самото отворање на оваа изложба биле присутни поголем број ученици, средношколци, а оние кои не ја посетиле изложбата, тоа ќе го направат во текот на наредната недела во придружба на своите професори по историја. З.А.

Фото: З.А.