Во периодот од 26 до 31 март, Искра Шукарова, кореографка и професорка на Катедрата за балетска педагогија ФМУ-УКИМ, е поканета во Талин, Естонија. Во Талин, Шукарова ја проследи премиерата на компанијата „Кули Росна и Кенет Флак“ во соработка со Ракеш Сукеш насловена „Шечлтероуроборос“, која се одржа деновиве во театарот „Солтумату танцу лава“ (СТЛ) во Талин.
Шукарова со истата компанија реализираше соработка во рамките на фестивалот „Млад отворен театар“ 2023 година.
Таа присуствуваше на пробите пред премиерата на компанијата и реализираше професионални средби со други компании, како и со танцовото здружение при театарот СТЛ во Талин каде што се одржа премиерата на делото.
Шукарова има веќе реализирано соработки во сферата на современиот танц во Летонија, така што со резиденцијата во Естонија ќе се добие целосна слика за развојот на танцовата сцена во Балтичкиот Регион. Уметничката резиденција на Шукарова е поддржана од Министерството за култура.