Една од најнаградуваните претстави  „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци повторно се закити со најпрестижни награди, овој пат освои три награди на Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица, Црна Гора кој се одржа од 31.08 до 04.09.2023 година.
Жири комисијата предводена од драматургот и режисер Горан Булаиќ, заедно со Алек Радиќ и Владимир Лазовски – членови, на  „Роња, ќерката на ограбувачот“ и ги додели наградите: Гран при за најдобра претстава, Награда за најдобра режија и Награда за актерско мајсторство за Матеа Јанковска.
Режијата и драматизацијата на претставата се на Јакуб Максимов, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен.
Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.