На меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ што се одржа во Свети Николе, КУД „7 Септември“ од Македонски Брод го освои второто место во конкуренција на 12 фолклорни ансамбли од земјава и од странство.
– На меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ во Свети Николе, нашето културно уметничко друштво „7 Септември“ го освои второто место во конкуренција на 12 фолклорни ансамбли од земјава и од странство. На фестивалот учествуваа групата „Ѓердан“ од Скопје, КУД „8 Октомври“, Крива Паланка, студиото „Фолклор“, фолклорниот ансамбл „Мугри“ од Кочани, КУД „Моравац“ од Ќичевац, Србија, и други. Нашето друштво со перфектна изведба се избори за висок пласман, а и аплаузите на присутната публика беа најдобра потврда за перфекцијата со која ја изведовме нашата програма – истакна Милена Стојческа, директорка на Домот на културата во Македонски Брод под чија закрила работи и КУД „7 Септември“.
Директорката потсети дека КУД „7 Септември“ е исклучително млад состав според годините на членството, но редовната работа и талентот придонесуваат за наградите што ги добиваат на сите фестивали каде и да настапат. З.А.