Многумина од нас имаат напорен распоред и се трудат на секој начин да ја одржат концентрацијата, а против оваа состојба најчесто се бориме со второ или трето кафе, што не е најдобро решение.
Наместо кафе, чие прекумерно внесување може да доведе до главоболки, проблеми со спиењето и анксиозност, нутриционистката Лорен Манакер препорачува суви сливи.
Познато е дека сливите добро дејствуваат на дигестивниот систем на организмот, но се добри и како извор на енергија во вид на природни шеќери, бидејќи не предизвикуваат брзо зголемување на нивото на шеќерот во крвта.
Храната богата со шеќери предизвикува прво зголемување на нивото на шеќерот на крвта, а потоа нагло опаѓање, што доведува до замор. Храната со низок гликемиски индекс, како што се сувите сливи, му даваат подолготрајна енергија на телото.
Дополнителен бонус е фактот што една студија од 2022 година покажа дека редовното консумирање суви сливи може да помогне во зачувувањето на коските во староста.
Како да консумирате повеќе суви сливи: Кога купувате суви сливи, треба да проверите дали имаат додадени шеќери, а постојат различни опции за тоа како можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана.
Кашест сок: За утрински кашест сок измешајте четири суви сливи со една замрзната банана, малку кора од лимон, замрзнати праски, замрзнати цреши и половина шолја овесно или друго млеко.
Темно чоколадо: Растопете малку темно чоколадо на пареа, земете пет суви сливи и потопете ги во чоколадото, а потоа оставете сè да отстои неколку часа. Така ќе добиете десерт полн со влакна и антиоксиданси.
Постојат многу рецепти за пилешка салата, а добар начин да ја подобрите и да ги изненадите сите околу вас е да додадете ситно сечкани суви сливи.