Изложбата на Благојче Наумоски-Бане, „Пукнатини/трансформации“, ќе биде отворена вечерва, од 20 часот, во МКЦ.
– Проблемот со кој се занимавам во овој проект се пукнатините и трансформациите, каде што предметното, амбиенталното е поставување функционален ефект на трагата од присуство на конкретната ситуација или афект на површина и функционалната приказна за дополнителната сензација во овие дигитални дела… Пукнатините како чин на самото присуство на делото во него и обратно, отвора паралелен однос на материјалноста на различниот потенцијален спектар: спектар на бои и спектар на текстурални ефекти – вели Бане.
Благојче Наумоски-Бане дипломира во 2007 година на Факултетот за ликовни уметности во класата на Рубин Корубин. Во 2009 година станува магистер од областа сликарство кај Јован Шумковски. Од 2007 година е член на ДЛУМ. Моментално е вонреден професор и продекан на Факултетот за арт и дизајн. Има изложувано во Берлин, Њујорк, Љубљана, Париз, Хаифа, Прага и др.