Утре и задутре, со почеток во 20 часот, ќе се одржи традиционалниот оперски гала-концерт по повод празникот Василица. Традицијата утврдена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Пучини, Верди, Џордано, Де Либ, Штраус Помладиот.
Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.
На концертот ќе настапат нашите оперски уметници: Славица Петровска-Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети-Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.