Вечерва во киносалата „Фросина“ во Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот, ќе се прикаже новиот краток игран филм „Слобода“, во режија на Златко Ѓелески. Станува збор за краткометражен омнибус, односно спој на три приказни што се одвиваат една зимска вечер во кафулето „Слобода“.
Во улогите настапуваат: Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски и Станко Стеванови. Тамара Ристоска, Весна Гаврилоска, Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски и др. Филмот е во режија и сценарио на Златко Ѓелески, продуциран е од Бранко Стојаноски, работен за „Блу медија моушн“ од Кичево, монтажата и визуелните ефекти се на Љупчо Темелковски, директор на фотографија е Владимир Димоски, звукот е на Горазд Радески, а музиката е на Љупчо Стефаноски.
Ова е третиот краток игран филм режиран од страна на Ѓелески, претходните два филма се: „Од другата страна“ и „Мемоари“, а Ѓелески и Стојаноски претходно соработуваа на филмот „Центроид“ од 2022 година, кој го режираше Стојаноски.