„Мечка страв“ од Марин Бодаков е збирка поезија издадена како дел од проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“ на издавачката куќа „Артконект“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Професорот Александар Шурбанов за „Мечка страв“ ќе рече: „Овие стихови бараат јазик за неименуваното. Го присилуваат заглушениот молк да проговори. Врескаат сами на себе и ни допуштаат да ги чуеме.“
Во книгата, Марин Бодаков ја дефинира поезијата како „сè почесто единствен извор на длабочина“.
Марин Бодаков (1971 – 2021) е еден од најпознатите и најзначајни современи бугарски поети. Носител е на националната награда за литература „Иван Николов“ за 2011 г. Одликуван е со наградата „Рицар на годината“ на асоцијацијата „Бугарска книга“ во категоријата „Печатени медиуми – весници и списанија“ за 2014 г. Лауреат е на националната книжевна награда „Сеќавање во годината на Константин Павлов“ (2016). Доделени му се награда за целосен придонес кон бугарскиот книжевен контекст од националниот центар на книгата и книжевниот збор „Перото“, 2021 (посмртно), националната награда „Христо Г. Данов“ (посмртно) и признанието „Почесен граѓанин на Софија“ (посмртно).