Галеријата „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура и асоцијација за култура „Икон“ ја отвори изложбата „Радост за цел свет“. Според Климе Коробар, изложбата е поставена по повод Божик?, најголемиот христијански празник, раг?ањето на Исус Христос. Од изложбата зрачат творечкиот дух, добрата волја и пулсирачката енергија на уметничкото братство, кое ги почитува христијанските вредности.
Со свои дела се застапени следниве уметници: Томо Шијак, Томе Мишев, Доне Милјановски, Ставре Димитров–Стадим, Данчо Ордев, Страхил Петровски, Гоце Божурски, Јован Шумковски, Симонида Филипова Китановска, Вук Митевски, Мирослава Микица Трујкановик?, Нове Франговски, Душан Перчинков, Димитар Кочевски, Павле Кузманоски, Петар Попчев, Илија Спасовски–Чендо и Владимир Георгиевски. Станува збор за познати македонски сликари од различни генерации.
Според рецензентот Коста Милов, Божиќ и божиќните празници се синоним за радост и за светлина.
– Раната црква избрала да го одбележи Христовото раѓање на датум кога се случува астрономското прекршување и од најдолгата ноќ во годината првата зора на утрото најавува сѐ повеќе минути и часови исполнети со дневна светлина. Оттаму и радоста, се работи за архетипска победа на светлината над темнината – вели Милов.