Фото: М.М.

Денеска во галеријата на домот на културата „Иван Мазо Климе“ во Кавадарци беше отворена излажба на дела од минатогодишната ликовна колонија Валандово 2022 која е реализирана при домот на културата „25 мај“ во Валандово. Изложбата содржи дела од дваесетина ликовни уметници од Македонија кои твореа на оваа ликовна колонија меѓу кои ги препознавме делата на ликовните уметници: Тони Чатлески, Макиз Батијаниз, Евигенија Ваздари, Владимир Темков, Горан Боев, Лазар Дојчинов и многу други.
На отворањето на изложбата говореше директорката на домот на културата во Кавадарци Јулијана Туриманџова која подвлече дека насликаните дела во ликовните етехники акрил и масло на платно во периодот од 2. до 7. Јули минатата година од оваа колонија остануваат во сопственост на домот на културат „25 мај“ во Валандово. Нивната уметничка вредност ќе има огромно значење за локалната посебност на нивната заедница. М.М.