Во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ вечерва од 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од интернационалната ликовна колонија „Краун арт“ (Crown art) што се реализира
во хотелот „Краун“ во Неа Скони во Грција , од 17 до 23 септември во организација на
Татјана и Тони Илиовски.

Љубителите на уметноста ќе можат да ги проследат делата од Ајнур Махмудова Каплан, Зивер Каплан, Нехат Беќири, Линдита Беќи и, Томе Мишев, Драги Хаџи Николов, Татјана Стојановска Медарова, Мирза Жупљанин, Деспина Агелополу, Катерина Ѓорѓевиќ, Вахит Акан, Осман Камбер, Светислав Славковиќ, Милош Милосављевиќ, Александра Димитрова, Анита Огњнановска, Мануела Мандиќ, Александар Поповски, Димитар Димитров, Владимир Темков, Ахмет Есер Копрулу, Мелихат Тузан и Фехим Хусковиќ.

– Со голема радост ги отворивме вратите на нашиот хотел „Краун“ во Неа Скони во
Грција, каде за првпат се организираше нашата меѓунарона ликовна колонија „Краун арт“. Природната убавина која Бог ја створил, човекот од дамни времиња се труди да
твори и да ја одржува со многу грижа, љубов и внимание. Сведоци сме на тоа дека
уметноста е коренот на нашата душа, на традицијата и љубовта на луѓето. Уметниците пак инспирирани и водени од нивниот креативен ум секојдневно се трудат да создадат и
остават нивен белег во опшеството во кое денес живееме, дозволувајќи ни нас преку
нивните дела да ја пронајдеме светлината,мирот и тишината, да се спознаеме себеси со
сите овие работи кои ги носеме во себе. Следејќи ја уметноста и нивната работа бевме
инспирирани и поттикнати и ние како фамилија Илиовски да оставиме белег за нашето
постоење за нашите деца и поколенија што доаѓаат по нас – велат организаторите Тони и Татјана Илиовски. Ка.М.